еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

ТОАРИЛУЦ со нова современа хируршка метода, без отворање на рбетниот столб

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) првпат е извршена нова хируршка интервенција за перкутано поставување педикуларен шраф на торако-лумбален рбет без класичен пристап, односно без отворање на рбетниот столб.

Од Клиниката појаснуваат дека станува збор за воведување нова оперативна метода, која се изведува само со мали странични резови од по два сантиметра. Со тоа се штеди ткивото, има помала постоперативна болка, помала можност за инфекција и пациентот порано се пушта на домашно лекување, што претставува големо олеснување за пациентите, а ќе има и заштеда во буџетот на установата.

-После сериозна подготовка со инструменти, импланти и едукација во странство, пристапивме кон имплементација на оваа нова метода, што доведува до сериозен бенефит за пациентите. Новата метода ќе остане наследство на новите генерации спинални хирурзи во државата и претставува современа хируршка метода за третман на пациенти со повреди на рбет и друга патологија, каде е потребна задна стабилизација,“ вели директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убедливо најголем донатор: Физичко лице даде 12.000 евра за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова“

Редакција

Ахмети пеел во кабинетот на Груби, не за роденденот, туку за Денот на албанската азбука

Редакција

21 починато лице од Ковид-19, дополнително пријавени уште петмина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница