еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Тодор Анѓушев: Потребно е да се градат разновидни обновливи извори на енергија

На првиот Балкански економски форум, кој денес се одржува во Скопје, Тодор Анѓушев, директорот на компанијата ЕМС, членка на групацијата Феро Инвест, ја истакна важноста на обновливите извори на енергија за зголемувањето на производството на електрична енергија во  Македонија.

Зборувајќи на панелот „Согледувања за побрза енергетска транзиција на Балканот“, Анѓушев, кој е и претседател на Групација за обновливи извори на енергија во рамките на Стопанската комора, посочи дека нашата држава е зависна од увоз на деривати и енергија и поради тоа потребно е да се овозможат услови за изградба на сите видови на обновливи извори.

На прво место да се искористи потенцијалот за изградба на хидроелектраните, за ветерните електрани, електраните на био гас и на био маса, како и за фотоволтаичните електрични централи, а изградбата на сите обновливи извори би требало да се спроведува плански, внимателно и согласно Стратегијата за енергетика, подготвена од МАНУ.

Групацијата Феро Инвест и сестринската групација Централ Инвест, во сопственост на семејството Анѓушев се познати по инвестирање во обновливите извори и во своето портфолио имаат 25 мали хидроелектрани со над 22 мегавати инсталиран капацитет и фотоволтаична електрана со моќност од 8 мегавати, а во моментот во изградба е централа на био гас со инсталирана моќност од 2 мегавати, а паралелно работат и на изградба на други капацитети од обновливи извори за други компании.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Медведев предупреди на можна нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО, бидејќи земјите членки ја снабдуваат Украина со оружје

Редакција

(Видео) И Euronews известува за загадувањето на воздухот во Скопје

Редакција

Второ одложување на судењето за несреќата кај Ласкарци поради отсуство на вештакот Зекири

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница