Американскиот актер Том Круз ќе стана првиот актер во светот што ќе сними филм надвор од нашата планета.
Американската вселенска агенција НАСА потврди дека се во преговори со Круз да се сними филм во вселената.
„НАСА е возбудена од можноста да работи со Круз на филм што би се снимал на Меѓународната вселенска станица. Нам ни требаат популарни медиуми за да инспирираме нова генерација научници и инженери, кои би ги претвориле нашите амбициозни планови во реалност“, соопшти на Твитер, првиот човек на НАСА, Џим Брајденстин.
Детали од сценариото за филмот не се познати.
Познато е дека за снимањето на филмот, Круз соработува со основачот на „Тесла Моторс“ и „Спејс Екс“, Илон Маск.
Фото: indeksonline.net