Просечната исплатена нето-плата по вработен во август годинава изнесувала 28.642 денари, а просечната бруто-плата пак била 42.776 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоци на ДЗС, најниската исплатена нето-плата е во секторот Заштитни и истражни дејности – 16.404 денари, следи секторот Производство на кожа и слични производи од кожа – 16.442 денари, па Производство на облека – 17.880 денари, па Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа – 18.220 денари и Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 19.370 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според ДЗС пораснала за 4%: Просечната нето плата во август 28.642 денари