Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесувала 29.839 денари.
Според податоците на ДЗС, најголемата просечна нето плата е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 81.172 денари, следи секторот Останати стручни, научни и технички дејности – 62.529 денари, па Воздухопловен транспорт – 53.151 денари, па Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 48.995 денари и Финанско услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 46.177 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку изнесува највисоката бруто плата во февруари
Во февруари просечната нето-плата изнесувала 29.839 денари