Просечната исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесува 31.080 денари и во однос на март лани е зголемена за 10,1 процент, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоци на ДЗС оваа се највисоките просечни нето-плати за овој период: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 80.128 денари, Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 56.260 денари, следи Телекомуникации – 51.536 денари, па Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 50.295 денари и Останати стручни, научни и технички дејности – 50.184 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку изнесува највисоката бруто-плата во март
Просечната нето-плата во март 31.080 денари