еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тортевски: Македонија не аплицираше за влез во Бугарија, туку за членство во Европската Унија

Кога станува збор за препознавање и контрола на говорот на омраза во македонско-бугарските односи, како ЕУ ја толкува изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека „македонизмот не смее да влезе во Унијата“?, вели за Нова Македонија, Александар Тортевски.

-Или отворените негирања на македонската нација, јазик, историја, култура од бугарските европратеници во самите институции на ЕУ?

Не препознава ли ЕУ говор на омраза во транспарентите во бугарското собрание со натпис – „Македонија е Бугарија“?

Ставањето на контролата на говорот на омраза во предлог-преговарачката рамка е целосно асиметричен критериум на ЕУ за македонските евроинтеграции, со кој на Бугарија практично ѝ се дава улогата на европски полицаец во Македонија.

Конечно, Македонија не аплицираше за влез во Бугарија, туку за членство во Европската Унија, а предложената преговарачка рамка ги претвора европските преговори всушност во преговори со Бугарија. Таквите позиции се целосно девалвирање на досегашната вредност на европските критериуми и принципи, вели адвокатот Тортевски, коментирајќи го фамозниот Протокол кој Македонија треба да го потпише со Бугарија, а кој се уште не е објавен, а чии што верзии „кружат“ во медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Контроверзниот Протокол со Бугарија нема да го видиме додека не се потпише

Од мене и дедо ми и баба ми големо НЕ за „францускиот предлог“

Па не треба да влеземе во Бугарија, нели аплициравме за членство во Европската Унија

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум починале: 953 лица по вторпат заболеле од Ковид-19, едно по третпат

Редакција

Врховниот суд одлучи Сеад Кочан да остане во затвор

Редакција

Том Хенкс и сопругата првите филмски ѕвезди заразени од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница