еМагазин
Image default
Македонија

Трајко Славески на чело на партиската Комисија за изработка на идеи за програмата на ВМРО-ДПМНЕ

На вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше составена комисија за изработка и систематизација на идеи и предлози за програма кој ќе го предводи проф-др Трајко Славевски, информираат од партијата.

“Комисијата составена од професионалци и луѓе докажани во своите области ќе имаат за задача да ги систематизираат идеите и предлозите на граѓаните прибрани од непосредните средби со граѓани, преку теренските посети и активностите од „Летото за Македонија“ кое продолжува со несмален интензитет.

Воедно, комисијата ќе отпочне консултации и со професори, експерти и докажани професионалци од повеќе области, како и преставници на целни групи се со цел да се изработи програма која ќе биде освежен и реален одговор на потребите на граѓаните.

Ќе бидат вклучени и комисиите на ВМРО-ДПМНЕ кои се составени од експерти од различните области.

ВМРО-ДПМНЕ свесна за деликатноста и тешката позиција во која се наоѓа нашата држава, незадоволството на граѓаните и напластените проблеми ќе понуди решенија кои ќе бидат излез од слепата улица во која власта ја турка нашата држава.

Програмата ќе биде со прецизни рокови и динамика на реализација и ќе понуди излез од напластените проблеми на граѓаните. Тоа ќе биде документ со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе се обврзе да ја избави државата од општествено, политичко економска криза во која се наоѓаме и пред се да се даде фокусот кон решавање на економските проблеми на граѓаните“, велат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено судењето за Мерко, неговата одбрана достави нови докази

Редакција

И официјално вето од Бугарија: „Не„ за преговори со ЕУ за Македонија, „Да„ за Албанија

Редакција

Од денеска тридневен протест на матичните лекари: Нема да издаваат рецепти и упати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница