еМагазин
Image default
Да помогнеме

Традиционална 21. крводарителска акција за Голема Богородица

Црвениот крст, Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на 28 август традиционално, по 21-ви пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09 до 17 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје.

Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 20 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција.

Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворени телефонски броеви за собирање на донации за лекувањето на Сандра Дејановска Крастев

Редакција

Недостигаат уште 1.000 евра за да телото на Виктор биде пренесено во Македонија

Редакција

Brick bar, Brick eat и Four дел од новогодишната кампања организирана од СОС Детско село-место со срце

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница