еМагазин
Image default
Македонија

„Траекторија“: Пешевски го советувал Јанакиески да одберат градежна компанија од Кина

Во Кривичен суд продолжи судењето за предметот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со слушање на „бомбите“ за кои одбраната бараше да биде исклучена јавноста.

Во „бомбите“ се слуша како поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски го советува поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески да одберат голема градежна компанија од Кина која пак ќе им помогне да добијат кредит, бидејќи, како што вели, тие си имаат свои луѓе кои посредуваат со кинеските банки.

Одбраната на Пешевски рече дека во разговорите (бомбите) во кои учествува тој, не постои никакво кривично дело кое му се става на товар. Тие сметаат дека СЈО треба да ги достави сите разговори, а не селективно како што направиле.

Бранителот на Миле Јанакиевски и Никола Груевски, Димитар Дангов рече дека има забелешка на неподобноста на доказите. Дангов побара пауза за да се консултира со техничиот советник.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според СЈО, тие во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на Буџетот на државата од најмалку 155 милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осомничената за „Адитив“ претседателка на Антикорупциска има плата од 139.500 денари

Редакција

Бројката повторно порасна: Македонија ќе прими 650 цивили од Авганистан

Редакција

Наскоро ќе бидат познати имињата на експертите од академската фела што ќе работат на уставните измени, најави Ковачевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница