еМагазин
Image default
Балкан

Трагедија ја потресе Црна Гора: Се удави семејство и момче кое се обидело да ги спаси, жената била трудна

Семејството Кумбровиќ, Јана, Ратко и нивната 12-годишна ќерка вчера се удавиле во Скадарско Езеро, Црна Гора враќајќи се од манастирот Врањина, со чамец. Според пишувањата на црногорскиот сајт „Вијести.ме“, Јана била трудна.

Брановите во смрт го однеле и нивниот пријател Дарко Вујошевиќ, кој се обидел да ги спаси откако чамецот се превртел.

Спасувачи, мештани, пожарникари, служба за заштита на Националниот парк Скадарско езеро најпрво го извадиле телото на Јана, а се уште се трага по другите тела.

Семејството заедно со уште неколку други семејства биле на гости во манастирот на Врањина каде што со литургија бил прославен именденот на игуменот Неофит, кој синоќа бил уапсен поради оваа трагедија. Откако во 20 часот бил сослушан во подгоричкиот Центар за безбедност му била одредена мерка притвор.

Удавеното семејство секоја недела биле редовни гости на манастирот.

Според очевидец, кога фатило невремето сите ги фатило паника и се упатиле кон предниот дел на чамецот, иако свештеникот кој ги возел ги молел да се вратат назад, чамецот се превртел. По обидите еден со друг да се спасат, се удавиле сите четворица.

Фото: Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Вучиќ повторно хит на социјалните мрежи, учи германски од говор на Меркел

Редакција

Несреќа во Бугарија: Возачот во притвор, две деца пренесени на лекување во Софија, на еден патник му е ампутирана ногата

Редакција

Радев: Мора да имаме влада, Бугарија нема време за губење за да организира избори по избори

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница