еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија: Еден рудар загина, а двајца се повредени при минирање во рудникот Булмак-Минстрој

Еден рудар загина, а двајца рудари вработени во рудникот за олово и цинк, Булмак-Минстрој, поранешна Тораница се повредени при минирање на јама.

Според официјалните првични информации од Секторот за внатрешни работи Куманово, несреќата во рудникот се случила вчера околу 13 часот, а во Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка е пријавена во 14:20 часот.

Во несреќата загина Б.М. (57) рудар од Крива Паланка, а повредени се Ј.М. (30) и А.Н. (32).

Според последните информации повредените се вон животна опасност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите села во чија близина беснеат пожари се обезбедени

Редакција

Жена од Скопје почина откако била прегазена од автомобил

Редакција

Нова распределба на квоти по аптеките: Поголема достапност на лекови во текот на целиот месец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница