еМагазин
Image default
Локално

Трагедија: Еден починат, тројца тешко повредени по удар на воз во автомобил

На 10.02.2020 во 12.10 часот на обележан патен премин кај стојалилште Ногаевци се случила железничка незгода во која товарeн воз, кој сообраќал на релација Трубарево-Градско, удрил во патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки, кое ја поминувало железничката пруга, а било управувано од Љ.Т.(64) од с.Раштани, велешко, информира МВР.

„Од здобиените повреди на местото на незгодата починал М.Ѓ.(24) од с.Ногаевци, додека со тешки телесни повреди се здобиле А.В.(47), С.В.(58), двајцата од Градско и Л.Д.(51) од с.Виничани – Градско, сите сопатници во возилото. Тие биле пренесени во Медицински центар во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од  СВР Велес“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се запали автомобил во движење на патот Чашка-Велес, за среќа нема повредени

Редакција

Со пиштол се расчистувала сметка во угостителски објект на плоштад Македонија

Редакција

Ужас во Гостивар: Го силувал детето на невенчаната сопруга

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница