еМагазин
Image default
Локално

Трагедија: Го прегазил колега движејќи се во рикверц

Работник во комунално претпријатие на 40 години бил прегазен од 55-годишен колега, двајцата вработени во општина Боговиње. Несреќата се случила претпладнево околу 11 часот на локалниот пат што минува низ селото Пирок.

„Во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавена е сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случила на локалниот пат во тетовското село Пирок. Товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски таблици, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари“ од Боговиње, што го управувал 55-годишниот А.Ф. од Боговиње, движејќи се наназад, удрило во 40-годишниот О.М. од истото село, вработен во ЈКП„Шари“. Од удирањето, О.М. добил тешки телесни повреди од кои починал на самото место, информира Марјан Јосифовски“, портпарол на СВР Тетово.

По настанот Јавниот обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид. Истрагата продолжува и со други мерки за целосно расчистување на сите поединости поврзани со несреќата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За третиот напад на Раде Трајковски Штекли пишуваат и српските и хрватските медиуми

Редакција

Несекојдневен случај во Куманово: Двајца синови сакале да му „здиплат“ на таткото 13.800 евра

Редакција

Притвор за дилерот во чијшто „Хамер“ беа пронајдени 100 пакувања кокаин

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница