еМагазин
Image default
Локално

Трагедија: По пад од трактор почина 6-годишно дете од Делчево

При пад од трактор, во делчевската населба Таушанско маало почина 6 годишно дете. Екипа на Итната медицинска помош интервенирала на повик во 14 часот, при што од страна на дежурниот лекар биле констатиран потрес на мозокот кај повреденото дете кое било во кома.

„Со возило на Итната медицинска помош, 6 годишното дете е префрлено во кочанската болница, но детето починало пред пристигнувањето на болницата, каде била констатирана смртта“, информираат од делчевскиот Здравствен дом.

Јавен обвинител е запознаен за случајот, а починатото дете се уште се наоѓа во кочанската болница. Според кажувањата на очевидци, како што додадоа од болницата, детето починало по пад од трактор, со кој како што додаваат, управувал неговиот тетин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен кавадарчанец кој нападнал полицајци

Редакција

Кривична пријава против полицаец: Примил поткуп за да не напише сообраќајна казна

Редакција

Лазарева сабота: Во Дебар нема кој да ја продолжи традицијата на „лазарки“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница