На 05.07.2019 околу 09.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на некатегоризиран пат во с.Горно Варовиште, кривопаланечко, на место викано „Санде-Калина“, трактор со приколка, управуван од М.Ц. од истото село се превртел и приколката ја поклопила Р.Ц.(74), која била сопатник на тракторот, информира МВР.
Р.Ц. починала на местото на настанот, додека возачот М.Ц. се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствен дом – Крива Паланка. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.