еМагазин
Image default
Локално

Трагедија: Се задушил во чадот од нивата што ја опожарил

На 19.03.2019 година во 18:40 часот во Полициска станица Богданци било пријавено дека Б.В (78) од село Ѓавото, општина Богданци, бил пронајден починат во нива лоцирана во место викано „Парагон“ атар на село Ѓавото, информира МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. По преземени мерки било утврдено дека Б.В. починал како последица на загушување од чад од оган кој тој го запалил во нива. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дваесет и тригодишна кавадарчанка се сомничи за кривично дело “повреда на тајноста на гласање“

Редакција

Од силниот ветер вчера, дете во Скопје заврши во болница

Редакција

Лекар од Итна медицинска помош нападнат во Кавадарци 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница