еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија во Гостивар: Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар во зграда

Едно дете почина, а една жена е во животно – загрозувачка состојба пренесена во гостиварската болница по пожарот што избувна во станбена зграда во Гостивар.

Пожарникарите изнеле безживотно тело на дете и една 35 годишна жена кои набрзо се пренесени со Брза помош во градската општа болница. На ургентното одделение во болницата била констатирана смрт на детето, која наверојатно настанала од задушување.

Според очевидците и станарите, пожарот се појавил утрово пред 8 часот по што се раширил чад и станарите од зградата на улицата “Кеј Вардар” почнале да се евакуираат.

Дежурниот пожарникар Изет Изети изјави дека непосредно по пријавата за пожар на терен излегле со две возила и за пола час го локализирале огнот. Првичните сознанија се дека огнот се појавил во една од собите на станот во кое престојувало повеќечлено семејство.

Според станарите, брзата интервенција спречила ширење на огнот и поголема штета.

Во тек е увид на екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител за да се утврдат причините кои довеле до трагичниот настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седумгодишното дете кое загина во пожар во зграда во Гостивар било врзано со ланец на нозете, открива Обвинителство

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изложба во Кочани на производи и дизјани изработени од оризови остатоци

Редакција

40 од повредените во пожарот во Кочани имаат проблеми со движењето на зголобовите

Редакција

(ВИДЕО) Тина Тарнер се збогува со документарец за нејзиниот живот и кариера

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница