еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Трагикомедија: Собранието одлучува за имунитетот на Груевски додека тој ужива азил во Унгарија

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе одржи седница на кои ќе се разгледуваат повеќе барања за одредување притвор на Никола Груевски, а по барање на судовите во кои се водат судските процеси во кои е обвинет поранешниот екс-премиер.

Смешно е што во Собранието се тераат процедурите за одземање на имунитетот на Груевски, кога тој веќе со денови ужива политички азил во Унгарија што го прави недостапен за македонските правосудни органи со оглед на тоа што барањето за азил му беше доделено токму врз основа на тврдењето дека е жртва на политички прогон и дека судските власти во Македонија се користат за политичка пресметка со опозицијата.

Колку за потсетување, унгарските власти како едно од образложенијата за доделување на азилот го наведоа извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ во кој токму правосудниот систем беше предмет на најголеми критики.

Фото:ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет барања за одземање на праетничкиот имунитет на Груевски

Протест во Косово против албанската Влада затоа што „му помогна на Груевски да побегне“

Дојче Веле: Груевски наводно го немало на снимките за излез од Македонија, снимките од Албанија треба да стигнат деновие

Алсат М со детали како избегал од Македонија: Два дена пред бегството Груевски се поздравил со роднини и соработници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дивеењата низ улиците не престануваат, удрен 54-годишен пешак

Редакција

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска лансираше нов онлајн бизнис во Македонија

Редакција

482 случаи на Ковид-19, бројот на активни е 6.292

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница