еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Трамп конкуренција на Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир

Јапонскиот премиер Шинзо Абе го предложи за кандидат за Нобелова награда за мир, американскиот претседател Доналд Трамп, поради неговата работа за отпочнување дијалог со Северна Кореја.

Трамп изјави дека заслужува Нобелова награда за мир поради неговата политика кон Сирија и Северна Кореја, но, исто така, жали што веројатно нема да ја добие.

„Му ја дадоа на Обама, тој дури и не знаеше зошто му беше дадена. Тој беше таму околу 15 секунди и веќе му ја доделија Нобеловата награда”. Тој праша: „О, со што сум заслужил?”, напиша Трамп на Твитер и се пожали на својата ситуација.

„Јас веројатно никогаш нема да ја добијам”, додава Трамп.

Трамп тврди дека спасил три милиони животи во сириската провинција Идлиб, што е во рацете на бунтовниците, кога тој предупредил дека Русија, Иран и сириската влада не треба извршат напад врз Идлиб.

Во конкуренција за Нобеловата награда за мир се и македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Склучен еден од најголемите договори за осигурување на живот во државата: Триглав Осигурување Живот ќе ги осигура вработените во Раде Кончар и Смелт-ИНГ

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ освен победа на Силјановска ќе фрли темни дамки за сериозен инженеринг

Редакција

Драгољуб Арсовски купи над 3 илјади акции во ТТК Банка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница