еМагазин
Свет

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се гушкаа во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека лидерите на Србија и Косово се прегрнувале во Белата куќа и дека било прекрасно да се видат во таа ситуација, кога постигнале договор за нормализирање на економските односи.

На предизборниот митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу Израел и арапските земји, потенцирајќи пред гласачите дека тој носи мир на конфликтните страни и ги критикуваше водечките американски медиуми дека не известуваат за тоа.

– Косово и Србија се убиваа многу години, тие само се убиваа, не се сакаат, како Израелците и Палестинците. Ние тргуваме со двете страни, така што имаме одредена моќ. Им реков, ајде да склучиме договор и да создадеме економски мир и мир воопшто. Дојдоа во мојата канцеларија да потпишат. Тие се прегрнаа, беше прекрасно да ги видам. Спасивме многу животи, рече синоќа Трамп.

Минатата недела, на предизборен митинг во Северна Каролина, Трамп, исто така, рече дека ја заслужува Нобеловата награда за мир затоа што успеа да запре „масовни убиства меѓу Србија и Косово“.

– Сигурен сум дека следното е Нобелова награда за мир. Ние ги запираме масовните убиства меѓу Косово и Србија. Тие се убиваа толку многу години. Тие ќе престанат да се убиваат. Знаете, тоа го правеа стотици години, иако под различни имиња, рече Трамп пред десетина дена.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти на 4 септември, во Белата куќа, се обврзаа дека ќе ги нормализираат економските односи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Улиците на Мариупол се претворија во гробишта

Редакција

(Видео) Загина 14-годишно момче кога автомобил влета во група марокански навивачи: Хаос по мечот Франција-Мароко

Редакција

СЗО: За 24 часа во светот заразени повеќе од половина милион луѓе од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница