еМагазин
Свет

Трамп: Сто проценти го поддржувам НАТО, но земјите членки треба да платат

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека го поддржува „НАТО 100 отсто“, но повтори дека земјите членки треба да ги зголемат своите воени трошоци.

– Ќе бидеме со НАТО 100 проценти, но како што кажав земјите (членки) треба да платат, изјави Трамп со Пентагон во говорот за новата американска стратегија за противракетна одбрана.

Неговата изјава уследи откако повторно се појавија сомнежите за американскиот ангажман во Алијансата.

– Не може да бидеме поглупи од другите. Тоа не е возможно. Не сакаме да гледаат така на нас, а верувајте ми, во текот на годините, тоа ни зборуваат зад грб, посочи Трамп.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ на почетокот од неделата повикувајќи се на неименувани високи претставници објави дека Трамп минатата година повеќе пати на приватни средби го поставил прашањето за иднината на САД во НАТО односно за повлекување на земјата од Алијансата.

Весникот повикувајќи се на актуелни и поранешни официјални лица, кои ја поддржуваат Северноатлантската алијанса, наведе дека Трамп би можел да ги обнови заканите ако сојузниците не се придржуваат до договорот за финансирање на Алијансата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меркел е политичарка во која луѓето во светот имаат најголема доверба, Путин е пред Трамп

Редакција

(ВИДЕО) Хит на социјалните мрежи: На Меркел на средба со Путин и заѕвони мобилниот

Редакција

Финска се подготвува за влез во НАТО без Шведска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница