еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата и Министерството за одбрана најтранспаретни, најмалку информации се објавуваат за финансиите

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73% (од максимално можни 100 %).

Во однос на лани, активната транспарентност е подобрена за 10 процентни поени (од 63% на 73%).

Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81% од институциите.

Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 85%, а на општините 70%. За разлика од лани, министерствата се подобриле за 6 процентни поени, а општините за 10.

Две институции: Министерството за одбрана и Владата имаат по максимални 100%, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност.

Три општини се наоѓаат на третата позиција, со високи 97% исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност и се воедно лидери меѓу општините: Битола, Валандово и Карпош.

Меѓу регионите, на првото место изби Југоисточниот Регион (со 84% активна транспарентност), додека на последно место останува Скопскиот Регион (со 56% активна транспарентност).

Најмалку информации и министерствата и општините објавуваат за финансиите (само 56% од можни 100% општините, 82% од можни 100% министерствата).

На барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, општините одговорија во просек за 12 дена (лани за 17 дена), а министерствата одговорија за 16 дена (лани исто така за 16 дена). 93% од институциите одговорија во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Да ти е милина да работиш: Како изгледаат новите канцеларии на Вип

Редакција

United Group постигна договор за продажба на SBB Србија на e& PPF Telecom, како и Net TV Plus и правата за спортски преноси за Западен Балкан на Телеком Србија

Редакција

Од пожар во куќа во Скопје, спасени 12-годишно дете и жена, на полицаец укажана медицинска помош

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница