еМагазин
Image default
Спорт

Трчањето ќе те промени: Започнува пријавувањето на 18. Виз ер Скопски маратон

Полека наближувајќи се кон јубилејната 20., најголемата тркачка манифестација во Македонија, Виз ер Скопски маратон, за своето 18. издание, кое ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела), веќе ги отвора вратите за пријавување на сите љубители на трчањето.

Со сменетиот датум што веќе неколку години се оддржува во месец октомври, Виз Ер Скопски маратон е претпознатлив не само за тркачите од земјата, регионот и од целиот свет, туку и за сите скопјани, кои уживаат да ја негуваат маратонски долгата традиција на секое издание на маратонот со споделување на прекрасна енергија низ улиците на Скопје, и со дружба од рано наутро па сѐ до завршување на манифестацијата.

За трката, којашто со години важи за број еден во нашата земја, пријавувањето ќе започне во петок (25.02.2022) и истото ќе може да се направи на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон skopskimaraton.com.mk.

Маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка – ЕУ со тебе и 5 км трка, кои веќе со години се дел од самата манифестација и оваа година ќе го заземат своето место во склоп на овој спортски настан.

Организатор на Виз ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички, кои се организатори на најпознатата трка за жени во државата, – Авицена Женска трка, како и на трката, која веќе прераснува во една од најомилените, – HalkEco Скопје трча 10KM.

„Новитетот за оваа година е покрај стандардниот стартен пакет, тркачите да можат да одберат и стартен пакет со можност за рефундација. Овој пакет го воведовме најмногу поради ситуацијата со пандемијата и честите непредвидени околности, со цел сите натпреварувачи доколку го одберат тој пакет да имаат можност да им се рефундира 100% од уплатената цена.

Оваа можност ќе важи само доколку до 10.09.2022 година се побара враќање на уплатените средства. Исто така до 30.08.2022 година тркачите ќе можат да ги променат своите пријави од најразлични причини, а секоја промена на пријавата по овој датум ќе се наплаќа,“ изјави Кире Синадиновски, директор на Виз ер Скопски Маратон.

Секој учесник на Виз ер Скопски маратон по завршување на настанот на својата емаил адреса ќе добие вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, Виз ер.

Виз ер Скопски маратон во минатото ни покажа дека е омилен спортски настан за поставување нови резултати и рекорди, како и за одржување на навиката на негување на спортскиот дух и мотото, – трчањето ќе те промени.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватска го освои третото место на Светското првенство во фудбал

Редакција

Дванаесет клубови го напуштија Собранието на СФМ за избор на нов претседател заради обид за незаконски избор

Редакција

ШК Алкалоид со двојна круна на Екипните шампионати на Македонија за 2023 година ја потврди доминацијата во шахот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница