еМагазин
Image default
Бизнис

Треба да се провери дали висококатниците кај „Холидеј Ин“ ќе се градат законски, вели Заев

Секоја реакција на граѓаните е вредна за размислување, но секако и почитувањето на законот и Уставот на државата е вреден и за размислување и за спроведување, изјави денеска премиерот Зоран Заев во врска со онлајн-петицијата на граѓани против изградба на висококатници на паркингот спроти „Холидеј Ин“.

– Треба да се види законското решение, треба да се види дали одобрението за градба е во согласност Генералниот и со Деталниот урбанистички план, дали е согласно со Законот за урбанистичко планирање и дали е согласно со Законот за градење, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Премиерот истакна дека треба да се провери дали тој што го добил одобрението за градба ги исполнува законските услови.

– Тоа да биде согласно Законот за урбанистичко планирање од 2019 година, којшто јасно предвидува дека паркирањето се решава во рамки на парцелата, не може надвор по катни гаражи и тоа автоматски го намалува габаритот на изградбата, дека зелен простор треба да биде најмалку 20 отсто, а како што ме информираше градоначалникот има двојно повеќе зелен простор во целиот тој дел, истакна Заев.

Тој додаде дека ако е нарушен кој било од законите или во постапката на одобрение за градба, треба да се укине одобрението и да не се дава, а ако се исполнети законските основи треба да се искористи уставното и законското право за добивање одобрение за градба.

– Затоа Парламентот ги промени законите, на предлог на Владата, слушајќи ги граѓаните – за мегаломанството во градењето и големите катности, вградивме вакви механизми и алатки во самиот Закон за урбанистичко планирање и во Законот за градење коишто дефинитивно ги оневозмоуваат практично мегаломанствата во изградбата, рече Заев.

Викендов беше иницирана онлајн петиција против изградба на висококатници на паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје. Како што информираа иницијаторите на акцијата само за еден ден на петициjата се потпишале околу 5.000 граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовно се потпишува петција против изградба на кули кај „Холидеј ин“, се огласи и инвеститорот МГ Фешен

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Њујорк тајмс: Бидете меѓу првите кои ќе ја посетат Северна Македонија

Редакција

Народна банка: Каматите на кредитите и во јануари продолжуваат да паѓаат

Редакција

Димитриос Христопулос поднесе оставка од Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница