еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Треба некој да биде убиен, за да се сфатат сериозно „свадбените“ куршуми во тетовско?

Во тетовско деновиве залутаните куршуми, најверојатно од свадби, станаа секојдневие. Само вчера од нив беа оштетени четири возила, а пред некој ден на свадбена прослава беше повредена и жена.

Од залутан куршум деновиве беше повреден во рамо и пчелар во струшко.

Од полицијата која во дневните билтени ги регистрира овие пријавени случаи (не е познато колку случаи не се пријавени), за сега нема информација дали некој ќе одговара или дека некој е уапсен.

А и од партиите на власт и тие во опозиција, кои се поприлично гласни и за банални работи, засега нема никаква реакција. Ни осуда, ни повик да не се пука на прослави.

Кај нас ретко кога се реагира превентивно, па по се изгледа работите ќе се сфатат сериозно кога некој ќе настрада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци

Редакција

Присуството на пратеници со Ковид-19 во Собранието е според сите протоколи, велат од СДСМ

Редакција

Убава вест: Оздравени 58 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница