еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Третата светска војна би била нуклеарна, предупреди рускиот министер за надворешни, Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека американскиот претседател Џо Бајден рекол дека единствената алтернатива на санкциите е трета светска војна, на што тој на прес-конференција во Москва се надоврза и порача дека третата светска војна може да биде само „нуклеарна војна“.

Тој рече дека тоа е само во главите на западните политичари – и не е во главите на рускиот народ.

– Ако се води вистинска војна против нас, тогаш оние што прават такви планови треба да размислат за тоа, а според мене такви планови се прават, изјави тој.

Тој меѓудругото ги спореди САД со Наполеон и Хитлер.

„Своевремено, Наполеон и Хитлер сакале да ја потчинат Европа, сега Американците го прават тоа“, рече Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Целите на воената операција во Украина ќе бидат реализирани

Најлошото допрва ни претстои во војната што Русија ја води во Украина, изјави францускиот министер за надворешни работи Ле Дриан

ОН: Милион Украинци ја напуштија Украина поради војната

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Кичево за набавка на лесно масло за горење

Редакција

(Фото) Универзална сала доби нова купола

Редакција

Владата купува систем за биометриска идентификација за 100.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница