еМагазин
Image default
Бизнис

Трговците трупаат залихи и најавуваат отпуштања на работниците

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2018 година е ист во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0,5 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика.

„Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а e понеповолна и во однос на истото тримесечје од 2017 година. Се очекува да биде понеповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е зголемено во однос на претходното тримесечје“, соопшти ДЗС.

Финансиската состојба во третото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2018 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е поповолнa, а очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се намали.

Продажните цени во третото тримесечје од 2018 година се зголемиле во однос на претходното, а се очекува нивно зголемување и во наредните 3 месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2018 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 22.8 %, зголемената конкуренција на пазарот со 19.1 %, недостигот на обучен кадар со 15.5 % и зголемената понуда на пазарот со 14.0 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градежниците најавуваат отпуштања и пораст на цените

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Летово поевтин роаминг меѓу земјите од Западен Балкан, потоа целосно укинување

Редакција

Арсовска песимист за прогнозите на Народна банка: Изборите главна „кочница“

Редакција

Пекабеско во првите шест месеци со добивка од 57,1 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница