еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Три деца заразени со морбили во критична состојба

Едно дете со церебрална парализа, кое е заразено со морбили и има тешко воспаление на белите дробови, е во критична состојба на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Од Клиниката за детски болести, пак, информираа дека две деца заразени со морбили хоспитализирани кај нив, се во критична состојба.

Филипче посочи дека динамиката и во текот на вчерашниот ден е вообичаена, исто како и изминатите денови, околу четири до пет случаи со морбили се примаат на Клиниката за инфективни болести. Во Детската болница во Козле, информира Филипче, се сместени само пациенти со грип, нема пациенти со мали сипаници.

– Овие мерки кои ги донесовме досега дадоа задоволувачки резултати – над 6.000 деца се веќе вакцинирани. Се надевам дека истата динамика ќе продолжи и натаму и во следниот период ќе имаме поголем број вакцинирани деца. Тоа е една од можностите оваа епидемија да заврши што побрзо. Сите деца кои се невакцинирани се во исклучително висок ризик да заболат од морбили, изјави Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антиваксери каде сте: По третата жртва од морбили, подобро е смрт или недокажан аутизам?

Трета жртва: Од морбили почина бебе од тетовско

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.422 случаи на Ковид-19 од 4.277 тестирања, бројката на активни достигна 17.472

Редакција

Заборавете на бактерии и вируси со правилно чистење и одржување на клима уредот

Редакција

Протоколите за градинките на доработка, па потоа одлука за почеток со работа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница