еМагазин
Image default
Локално

Три години затвор за обвинетата за сообраќајката во која загина 13-годишен велосипедист

М.Л. обвинета за сообраќајната несреќа на „Илинденска“ во 2015 година во која загина 13-годишен велосипедист е осудена на казна затвор од три години.

Пресудата беше објавена денеска во Основниот кривичен суд – Скопје, кој соопшти дека  М.Л. се огласува за виновна за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член  300 ст. 4 од Кривичниот законик и е осудена на казна затвор во траење од три години.

Судот посочува дека против оваа пресуда странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Сообраќајната несреќа се случи на 18 септември 2015 година на булеварот „Илинденска“ кај Градскиот парк, а во текот на постапката беа изведени шест вештачења.

– Како што беше наведено и при објавата на пресудата, Судот смета дека оваа пресуда треба да одекне во јавноста како предупредување за зголемено внимание и  почитување на законите, како и правилата и прописите за безбедност во сообраќајот кај сите учесници, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гореше „ауди“ на улица „Јуриј Гагарин“ во Скопје

Редакција

Богата програма на Зимска приказна 2024 во Битола, ќе започне од утре и ќе трае до 6. јануари

Редакција

(Фото) Последица од синоќешниот верижен судир пред Штип: Три лица се повредени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница