еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Едно златно одличје и две бронзени освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што неодамна се одржа во Љубљана, информираат од таму.

Витомир Трајковски се закити со златен медал во тежинската категорија -84 килограми, а Стефан Стојановиќ се пласира на третата позиција во +84 кг. Јована Мицовска, пак, со женскиот тим во борби освои бронза.

Каратистите на „Макпетрол“ ги освоија медалите во највозрасната категорија на помлади сениори (У21).

Трајковски во категоријата до 84 килограми во У-21 извојува пет убедливи победи, а во финалето славеше 3-1 против Михајло Василиќ од Србија. Ова е нов успех на членот на „Макпетрол“ по бронзениот медал што го освои на Светските игри на боречки спортови во Ријад, Саудиска Арабија, во конкуренција на Топ 8 спортисти.

Тој е прворангиран и на Светската ранг листа на Светската карате федерација  (WKF).

Стојановиќ (+84 кг) во борбата за бронзата славеше против Антон Баждариќ од Хрватска со 4-1, а во полуфиналето загуби минимално од Немања Јововиќ од Црна Гора со 1-2.

Македонија на најмасовното и најквалитетното регионално првенство настапи со 102 каратисти, односно 108 натпреварувачки влезови.

На Балканското првенство настапија рекорден број од 1.007 каратисти со 1.078 натпреварувачки влезови од 13 држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нобеловецот Кругман од Скопје ни порача да си ги поправиме патиштата ако сакаме инвестиции

Редакција

(Видео) Македонско – јапонско дуо Асами Сате и Ема Попивода наградено во Токио

Редакција

Сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција имаат различно времетраење при влез и во внатрешноста на земјата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница