еМагазин
Image default
Македонија

Три нови случаи со Ковид-19 во Дебар, активни на болеста 40 лица

Тројца новозаразени со Ковид-19 се регистрирани во последното деноноќие во Дебар, што е идентична бројка на новозаразени со онаа од пред два дена.

-Со последно дијагностицираните три случаи само овој месец имаме 24 новозаразени. Повеќе од јасно е дека ќе има и нови случаи, ако се има во предвид бројот на лицата кои се јавуваат во Општата болница во Дебар со симптоми на опасниот вирус. Секако тука е и масовното непочитување на мерките за заштита, посебно од страна на младата популација, велат од  Центарот за јавно здравје во Дебар.

Оттаму посочуваат дека и покрај апелите групирањето на младите, посебно во кафулињата продолжува, „свесни или несвесни дека од таму вирусот го пренесуваат кај нивните родители, баби и дедовци кога се враќаат во домовите“.

Вкупната бројка на заразени во општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива оваа единица, сега изнесува 275, од нив во списокот на оздравени се внесени 221, починати се 14 лица, а активни на болеста се 40.

Полициската статистика покажува дека во последното деноноќие на ова подрачје издадени се четири прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Единаесет новозаболени од Ковид-19 во Куманово

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски на Фејсбук со апел до пратениците: Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување

Редакција

Ескобар денеска во Скопје за уставните измени, Мицкоски посетата ja гледа како секоја друга

Редакција

Македонија близу до 2.000 починати од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница