еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Три починати лица од Ковид-19 во Тетово, на кислородна подршка се 121 пациент

Ковид центарот во тетовската болница утрово во седум часот бележи стабилизирање на состојбата со оглед дека има помалку примени и починати луѓе.

Во болница на лекување задржани се 11 луѓе, а вчера имаше 18 лица. Шестмина пациенти се пуштени на домашно лекување. Починати се тројца пациенти, за разлика од вчера кога имаше девет смртни случаи.

– Има тројца починати пациенти, а 11 нови примени на болничко лекување, додека шест лица се пуштени дома. Вкупно хоспитализирано има 125 лица од кои 12 имале една доза вакцина, а петмина се вакцинирале со двете дози.

На кислородна поддршка има 121 од 125-те лица, информираше д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот Ковид центар.

За 24 часа во амбулантите на ковид центарот за прегледи и контроли се обратиле вкупно 228 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 24 часа во Тетово 9 починати од Ковид-19, сите се над 65 години со коморбидитети

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Почна исплатата на депозитите на штедачите од Еуростандард банка

Редакција

Пристигна помош од Турција во гаснењето на пожарите

Редакција

Која е разрешената министерка Рашела Мизрахи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница