еМагазин
Image default
Македонија

Три земјотреси регистрирани во околината на Маврово

Три земјотреси се регистрирани изутринава во регионот на Маврово, соопшти денеска Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентрите на овие земјотреси биле на 65 километри југозападно од Скоpje во околината на Маврово. Првите два биле со интензитет од 3,2 степени според Рихтеровата скала, додека третиот имал интензитет од 2,4 степени.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрира три земјотреса и тоа во 3 часот и 52 минути, 4 часот и 59 минути и во 6 часот и 15 минути, од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 65 километри југозападно од Скоpje во околината на Маврово и првите два беа со локална Рихтерова магнитуда ML3.2, додека третиот со магнитуда ML2.4, се наведува во соопштението.

Според досегашните податоци првите два земјотреса биле почувствувани од населението во Маврово со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Гостивар и Кичево со интензитет од III степени, а третиот земјотрес беше почувствуван во Маврово и околината со интензитет од III степени според истата скала.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возачот на автобусот на „Дурмо турс“ боледувал од дијабет, терапијата не влијаела на способноста за возење

Редакција

По еден сослушан сведок, „Насилство во Центар“ одложено за 17 септември

Редакција

Загрозена безбедноста: Украдени кабли за регулирање на железничкиот сообраќај и сигнализација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница