Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост по повод трагедијата која се случи на Цетиње, при што 34-годишно лице уби 11 лица и рани шестмина.
Денови на жалост се прогласени 13, 14 и 15 август.
Согласно одлуката на Владата, знамињата ќе бидат спуштени на пола копје, забрането е организирање на програму од јавен, културен и забавен карактер, а во угостителските објекти нема да се емитува музика. Меидумите, исто така се должни да ја почитуваат одлуката на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот Абазовиќ за масакрот во Цетиње: „Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети“
Фото: Влада на Црна Гора