еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Трифун Костовски го продава „Еуролинк осигурување“

Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на последната седница оддржана на 27 февруари, постапувајќи по барањето на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во акционерско друштвото за осигурување „Еуролинк“ Скопје, донесе Решение за издавање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за осигурување, соопшти агенцијата.

„Според оваа Решение, кое влегува во сила во денот на донесување, на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG и се дава согласност да стекне акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување „Еуролинк“ Скопје.

Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG треба да ја изврши трансакцијата за стекнување на акциите во рок од 60 дена од денот на добивање на ова решение и за тоа да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од 5 (пет) работни дена од денот на стекнувањето на акциите“, информираат од агенцијата.

Акционерското друштво „Еуролинк“ е формирано во 2002 година како странска директна инвестиција со основачки капитал од 3,2 милиони евра.

„Трифун Костовски, воден од желбата да придонесе за економскиот развој на Република Македонија, преку својот инвестициски фонд GOFI – Group of Finance and Investment SA, од Швајцарија, заедно со уште три странски друштва од Италија и од Швајцарија, го основаат „Еуролинк осигурување“. Од 2009 година, со преземање на акциите од другите основачи, GOFI –Group of Finance & Investment SA станува единствен акционер на друштвото“, пишува на сајтот на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трифун Костовски и Гале Галев заминуваат од Надзорниот одбор на Еуростандард банка

Комерцијална нема да ја купи Еуростандард банка, но му даде кредит од 10 милиони евра на Трифун Костовски

Фото: Еуролинк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тиквеш“ почнува договорен откуп со лозарите за квалитетно грозје: Само со дефинирани стандарди за квалитет до опстанок и напредок во лозарството

Редакција

СЗО: Пандемијата го покажа најдоброто и најлошото за што е способно човештвото

Редакција

Кандидатот на ДУИ, Дука победи во Дебар, неговиот противкандидат најави приговори

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница