Во текот на 2019 година, управителот и комплементарите на Оилко КДА Скопје оствариле нето примања по основ на плата и надоместоци на плата, по основ на други права како и по основ на награди во вкупен износ од 4.963.792 денари (околу 80.000 евра), соопшти компанијата во годишниот извештај објавен преку Македонската берза.
Комплементари на Оилко се Андреја Јосифовски, кој истовремено е прв човек на Макпетрол и Саша Лекиќ.
Во текот на 2019 година, членовите на Надзорниот одбор на Оилко, по основ на награда, оствариле нето-примања во вкупен износ од 2.200.000 денари (околу 35.000 евра).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Оилко“ со добивка од 8,8 милиони денари за три месеци
Во блок-трансакција продадени акции од „Оилко“ за 92.000 евра