еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца затвореници избегаа од Идризово, полицијата ги фати

Вчера околу 16.45 часот беа фатени затворениците И.Ј. (36), Е.Д. (36) и М.Р. (37), сите од скопското село Студеничани, кои избегале од затворот Идризово. Тие побегнале од затворот околу 9 часот, информираа од МВР.

-По преземени мерки и активности, тројцата биле забележани во село Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон село Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода.

Притоа, кај И.Ј. и Е.Д. биле пронајдени и одземени два ножа, соопшти МВР.

И.Ј. бил осуден на вкупна казна затвор затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци.

Е.Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната.

М.Р бил осуден на казна затвор од осум години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната.

Тие беа вратени во Идризово за доиздржување на казната.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил судијата Александар Камбовски, кој е избран за член на Судскиот совет

Редакција

Средба Османи-Рау во Варшава: За Полска нема дилема дека Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ

Редакција

(Фото) Катица Јанева на граница, се враќа од одмор?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница