еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка оствари добивка од 495.000 евра за шест месеци

Во периодот од 1.1.2020 до 30.6.2020 година, преку своето редовно оперативно работење, ТТК Банка успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 61,2 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 220,1 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 158,8 милиони денари, соопшти банката преку Македонската берза.

„Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 30,6 милиони денари. Финансискиот резултат за периодот јануари – јуни 2020 година изнесува 30,5 милиони денари (495.000 евра), што е за 26,2 милиони денари или 46,2 % понизок во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од пониска капитална добивка од продажба на преземeни средства како и од падот на пазарната цена на портфолиото за тргување во изминатиов период.

Во споредба со Финансискиот план за 2020 година, кој е во согласност со првичните согледувања за последиците што ќе ги предизвика светската пандемија предизвикана од вирусот COVID-19, остварениот финансиски резултат го надминува очекуваниот резултат за 28,8 милиони денари“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продаден блок акции од ТТК Банка за 72.000 евра

Владо Камбовски и Драгица Јовановска предложени за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП „Комуналец“ Гостивар склучи договор со Расим Транс вреден 576,6 илјади евра

Редакција

Македонски туристи може да останат без одмор во Грција по блокирањето на грчкиот тур-оператор Музенидис

Редакција

Редизајнирана мобилна апликација СЕИНет – ново дигитално искуство за пристап до објавите од котираните друштва на Македонска берза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница