еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„ТУИ Ервејс“ не планира за наредната година да ги обнови сезонските летови од Лондон за Охрид

Авиокомпанијата „ТУИ Ервејс“ со седиште во Велика Британија не планира да ги обнови сезонските летови меѓу Лондон „Гетвик“ и Охрид наредното лето.

Истовремено од авиокомпанијата е соопштено дека планира да ги обнови летовите меѓу Манчестер и Охрид, што исто така започна оваа година, и тоа со зголемена фреквенција од еден на два летови седмично.

„ТУИ флај“ од Холандија што исто така е дел од „ТУИ “ групацијата ќе продолжи со летовите од Амстердам за Охрид.

На почетокот на оваа година авиокомпанијата „Виз ер“ ги прекина летовите меѓу Лондон „Лутон“ и Охрид.

Во периодот од јануари до август, охридскиот аеродром опслужил 186.692 патници, што е за 17 проценти повеќе споредбено со минатата година, но е пад од 13,3 проценти во однос на 2019 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот има сопругата на Ислам Абази, која стана обвинител

Редакција

УНИ Банка ја зголеми добивката

Редакција

Објавен огласот за субвенциониран одмор за работници со ниски приходи во Струга, Охрид, Попова Шапка, Берово, Дојран и Преспа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница