еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Турција може да се раздели со ЕУ доколку е потребно, предупреди Ердоган

Турскиот претседател Таип Ердоган, одговарајќи на новинарско прашање за содржината на извештајот на Европскиот парламент за Турција, рече дека Анкара може да се „раздели“ со Европската унија доколку е потребно.

Во извештајот, усвоен претходно оваа недела, се наведува дека процесот на пристапување на Турција во европскиот блок не може да продолжи под сегашните околности и ја повикува ЕУ да ја истражи можноста за примена на „паралелна и реална рамка“ кога се занимава со односите со Анкара.

Турција е официјален кандидат за членство во ЕУ веќе 24 години, но преговорите за пристап беа закочени во последниве години поради загриженоста на блокот за кршење на човековите права и почитување на владеењето на правото во Турција.

„ЕУ се обидува да се раздвои од Турција“, им рече Ердоган на новинарите пред неговото патување во САД. „Ние ќе дадеме свои проценки во однос на ваквиот развој на настаните и, доколку е потребно, можеме да се раздели со ЕУ.

Турското Министерство за надворешни работи изјави претходно оваа недела дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди и дека има „плиток и невизионерски“ пристап кон врските на Турција со ЕУ.

МИА/Фото: Ердоган/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор “Марковски компани Борче“ вреден 6,5 милиони евра

Редакција

Кој е Зуди Енузи Кока, новиот директор на МЕПСО

Редакција

Продолжен рокот за аплицирање за конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница