еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Туристичката агенција „Војажер” организира групни посети од другите градови на Саемот за мебел, кој ќе почне утре

Саемот за мебел, како најочекувана манифестација од страна на посетителите се отвора утре, 29. март и ќе трае до 2. април. Саемот ќе се одржи во Комплекс „Борис Трајковски” во монтажни објекти и внатрешниот простор, со работно време од 10 до 20 часот.

Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.

Посетителите ќе имаат можност да ја видат богатата понуда на преку 40 директни изложувачи со повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти.

Саемот на мебел овозможува на едно место да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот.

Туристичката агенција „Војажер” организира групни посети на Саемот од сите градови од Македонија и регионот.

Партнер на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зоки Поки“ ја освои цела Скандинавија, но сепак нема да има втора сезона

Редакција

(Видео) Безвременски хитови на Тина Тарнер по кои никогаш нема да ја заборавиме

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 63.174 денари убедливо на врвот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница