еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Туристите кои предвреме го прекинаа одморот на Родос поради пожарите, една недела бесплатно ќе одмараат во Грција

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за британската телевизија ИТВ најави една седмица бесплатен одмор на Родос на пролет или есен за оние туристи кои го прекинаа одморот на островот поради пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.

-За сите оние на кои им беше скратен одморот како резултат на пожарите, грчката Влада во соработка со локалните власти ќе им понуди една седмица бесплатен одмор на Родос, следната пролет или следната есен за да бидеме сигурни дека ќе се вратат на островот и ќе уживаат во неговата природна убавина, рече Мицотакис.

Истакна дека пожарите не се само проблем за Грција, туку за целиот Медитеран, а конкретно за Родос рече дека „островот е целосно вратен во нормала и не постојат активни пожари“.

Порача дека Грција е безбедна за туристите и апсолутно не постои опасност, а ги повика сите оние кои оставиле во последен момент да одлучат каде ќе го поминат одморот, да го изберат токму Родос.

Објасни дека во пожарите на островот „не беа загубени човечки животи, немаше повредени“ и морале да евакуираат 20.000 луѓе, а се осврна и на важноста на бројот 112 за итни случаи преку кој се испраќаа пораки за евакуација.

Во интервјуто за британската телевизија, грчкиот премиер говореше и за климатската криза, но и за мигрантското прашање, за кое рече дека земјата „има строг, но фер пристап“, истакнувајќи дека се фокусираат, не само на спасување на мигрантите, туку и на разбивање на мрежите на криумчарите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Етно&Џез проектот на Дани Димитровска и Никола Мицевски со свежо издание на „Дејгиди, луди млади години“

Редакција

Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 40-49 и над 60 години

Редакција

35-годишниот Хабиб Буњаку е убиен заради недоразбирање во сообраќајот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница