еМагазин
Image default
Бизнис

Турската компанија „Калтун енерџи“ ќе гради ветерници кај Миравци

Турската компанија „Калтун енерџи“, со седиште во Скопје, доби одобрение од Општина Гевгелија за изградба на пет ветерници кај Миравци, што се дел од проектот Ветерен парк „Дрен“, кој ќе има вкупно 10 ветерници.

На ридест терен од 246 до 736 метри надморска височина, проектот предвидува поставување по пет ветерници на териториите на општините Гевгелија и Демир Капија со најсовремена енергетска технологија што ќе нуди брзо и догорочно елиминирање на штетните емисии во околната средина.

– Проектот ќе даде придонес за зголемување на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија, а инсталирањето на ветерниците ќе ја зголеми стабилноста и ќе го унапреди снабдувањето со електрична енергија, велат инвеститорите.

Инвеститорот посочи дека веќе биле направени сите подготовки за реализација на проектот и дека по издаденото одобрување за градба од страна на Општина Гевгелија извршиле уплата и на комуналниот надоместок.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маркетот на Лидл во Кичево треба да биде завршен кон крајот на март следната година

Редакција

Гранит со фирма од Куманово и Бугарија склучија договор со Електрани на Северна Македонија вреден 27,7 милиони евра

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со „Жикол“ вреден 5,2 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница