еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Турски државјани избегале од хотел-државен карантин во Скопје со чаршав импровизиран како јаже

Двајца турски државјани на возраст од 22 и 24 години, од кои едниот бил позитивен на коронавирусот, синоќа избегале од хотел-државен карантин во Скопје со чаршав што бил врзан како импровизирано јаже, соопшти полицијата.

Двете лица се осомничени од полицијата за криумчарење мигранти, но поради позитивниот тест за Ковид-19 кај едниот од нив биле упатени во државен карантин.

-На 08.07.2020 околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотел – државен карантин во Скопје бил забележан чаршав, кој бил врзан како импровизирано јаже.

По проверка во собите од полициски службеници од СВР Скопје било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција, кои на 03.07.2020, врз основ на наредба, а во врска со кривичното дело „криумчарење мигранти“, од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица биле спроведени во државен карантин, поради позитивен тест на Ковид – 19 кај едно од лицата, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Слаткаристика и Тони Зен ја објавија заедничка песна „Милион лета“

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 768 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Грција го отвори прашањето за Договорот од Преспа пред Европскиот совет и ги обвини Мицкоски и Сиљановска за негово непочитување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница