еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

УЈП бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти

Управата за јавни приходи (УЈП) бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти. Намалување има речиси кај сите даноци, освен кај данокот на личен доход кај кој има повисока наплата од 1,8 проценти споредено со јуни 2019 година.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање информира дека вкупниот даночен приход во јуни изнесува 5.240.928.514 денари.

Намалување од 17,3 проценти има кај данокот на добивка што, според Лукаревска, можеби се должи на предвремената наплата на овој данок од страна на одредени даночни обврзници.

– Намалувањето произлегува од пониската наплата на месечните аконтации на данокот на добивка што може да е резултат на предвремените уплати на месечните даночни биланси кај определен број на даночни обврзници, рече Лукаревска.

Одредено намалување има и кај данокот на додадена вредност, односно нето приходот е намален за 7,5 проценти, а бруто приходот за 1,7 проценти во споредба со јуни лани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во декември зголемени цените на угостителските услуги

Редакција

Субвенционирање на плати за уште 438 невработени лица

Редакција

Државата ќе удри по џебот на граѓаните: За стан или викендичка која не ја користите три пати поскап данок, ако не пријавите дека ги имате ќе ви наплатат пет пати поскапо

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница