еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП им ги блокираше сметките на фирмите кои ги злоупотребија парите наменети за плати на работниците

Одговарајќи на новинарско прашање за компаниите што ја злоупотребија помошта исплатена од државата за своите вработени, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција информираше дека постапката против нив е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.

Таа нагласи дека на сите компании што не ја исплатија доделената дополнителна помош на своите вработени, УЈП им ги блокирала сметките и на дел од нив веќе им биле повлечени овие средстава од државната помош.

Според Лукревска, имињата на сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, а воедно и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најплатени професии: Просечната плата на програмерите надмина 1.000 евра

Редакција

Членот на Управниот одбор, Ивановски, купи акции во Аутомакедонија

Редакција

Јасмина Цветаноска поднесе оставка од Одборот на директори на Лотарија на Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница