еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

УЈП со апел до граѓаните да не отвораат СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница ujp-gov.mk.

-Граѓани, никако не отворајте ја оваа лажна веб-страница, бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите фотографија од вашата лична карта.

Споделувањето на вашите лични податоци преку оваа лажна веб-страница, може да предизвика нивна злоупотреба, предупредуваат од УЈП.

Оттаму потенцираат дека веб-страница е лажна и не e во сопственост на Управата за јавни приходи.

-Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба, соопштуваат од УЈП.

За тоа како изгледа лажната страна која не треба да се користи, повеќе детали ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не наседнувајте на лажни пораки наводно испратени од директорот на БЈБ, Тасевски, предупредуваат од МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Владата да го покаже документот за кој преговара со Бугарија

Редакција

За Водици нема да се скока по крстот во Охридското Езеро поради Ковид-19

Редакција

Јанкулоска не ја коментираше пресудата, најави жалба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница