еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Уапсен 33-годишник од Скопје поради сомнение дека го убил својот татко

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 21 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода М. И. (33) од Скопје, поради пријава според која во семејната куќа на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат неговиот татко Џ.И. (62), соопшти Министерството за внатрешни работи.

– На 19.01.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(33) од Скопје, постапувајќи по пријава околу 12.50 часот според која во семејната куќа на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат неговиот татко Џ.И.(62).

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт и повреди од огнено оружје, информираат од МВР.

Според извршениот увид од СВР Скопје, покрај починатиот биле пронајдени неколку чаури, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР ги оцени изборите за мирни со незначителни неправилности

Редакција

Еврокомесарот за проширување Вархеји по средбата со Пендаровски повика на решение меѓу Македонија и Бугарија

Редакција

Трагедија во Велес: Починал палејќи сува трева

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница