Поранешниот фудбалер и екс-претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини, е уапсен за наводни нерегуларности и корупција при доделувањето на организацијата на Светското фудбалско првенство (СП) на Катар, пренесуваат светските медиуми.
Медиумите пренесуваат дека Платини е приведен како дел од истрагата која го разгледува доделувањето СП 2022 година на Катар.
Платини негира дека направил било какви нерегуларности и презема правни дејствија за клевета и лажни обвинувања.
Поранешниот фудбалер беше избран за претседател на УЕФА во 2007 година, а на функцијата остана до 2015 година, кога доби забрана за вршење на функцијата од Комитетот за етика на ФИФА за серија прекршоци на нивните правила.